Леброн по дебито за Филаделфија: Се уште се навикнувам, работите ќе бидат подобри

Во првото полувреме од својот прв настап за Филаделфија, Леброн Џејмс забележа 10 поени, пет асистенции и четири скока при што погоди само еден шут од игра.

На подготвителниот натпревар против Бруклин, 41-годишниот Џејмс помина 18 минути на теренот во првото полувреме и ги погоди сите осум слободни фрлања. „Сиксерси“ заминаа на пауза со предност од 58-56.

Филаделфија за првпат излезе и со нова стартна петорка: покрај Џејмс и Џејлен Браун, кој пристигна летово, натпреварот го започнаа и Џоел Ембид, Тајрис Макси и Ви-Џеј Еџкомб.

„Секако, носев нов дрес, но кошарката си е кошарка и таа се игра на теренот. Ми беше мило што можев да поминам време на теренот со момците против кои играв на тренинзите во изминатите недела и половина или две. Се уште се навикнувам на се, како на теренот, така и надвор од него  на животот овде и на тоа што сум со овие момци секој ден. Има многу промени за мене, но работите ќе стануваат се подобри од ден на ден.“, изјави Џејмс.

Се вчитува...