Нуркиќ го пропушта стартот на новата сезона

Јусуф Нуркиќ нема среќа со повредите, откако босанскиот центар се пожали на проблем со десното стапало поради што ќе мора да го пропушти стартот на новата сезона.

Кошаркарот на Јута настрада при пресметката со Никола Јокиќ на предсезонскиот дуел со Денвер, тој потоа не тренираше неколку денови, за синоќа да биде објавен дека станува збор за незгоден проблем што бара целосно мирување, а камбекот на Нуркиќ на терените можеме да го очекуваме за најмалку четири седмици.

Јута ќе ја почне новата сезона во НБА-лигата на 22 октомври, кога „џезерите“ ќе гостуваат на составот на Мемфис.

Јусуф Нуркиќ минатата сезона имаше дабл-дабл просек од 10.9 поени, 10,4 скокови надополнети со 4,8 асистенции по натпревар.

Се вчитува...