Кошаркарскиот тим на Валенсија продолжува со фантастичните игри на стартот од новата сезона во Евролигата, остварувајќи нов триумф на домашен терен против израелскиот претставник Хапоел Тел Авив со 93-82.
Апсолутен лидер на паркетот во арената беше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс. Плејмејкерот со македонски пасош комплетно диригираше со играта на својот тим, завршувајќи го натпреварот со 15 поени и седум асистенции.
Големиот триумф на кошаркарите имаше и посебна поддршка од првите редови во публиката, каде што се најде добро познато лице – репрезентативниот голман на Македонија и член на фудбалскиот клуб Валенсија, Столе Димитриевски.
За Димитриевски ова беше краток одмор пред враќањето на клупските фудбалски обврски. По завршувањето на репрезентативниот прозорец со Македонија, тој веќе се подготвува за кам-бекот во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
