Чави потпиша нов договор, Балде може да почне да се пакува

Барселона успеа да обезбеди уште еден значаен потпис откако го официјализираше новиот договор со Чави Еспар, младиот лев бек кој на стартот на сезонава се наметна како прва опција за овој дел од тимот кај тренерот Ханси Флик.

Еспар беше стартер на неколку натпревари во Ла Лига, успеа да го постигне и првиот гол во дресот на Барса, но она што особено импресионира е неговата експресна адаптација во тактичките замисли на стручниот штаб на чело со Флик. Токму поради тоа управата на Барса експресно ги стартуваше преговорите и за кратко време успеа да договори продолжување на соработката.

Стариот договор беше со важност до јуни 2028, новиот е до 2030, a клучно за Барса беше што во новиот е избришана клаузулата со која младиот дефанзивец може да си замине од „Камп Ноу“ за скромни 20 милиони евра.

Новиот договор на Чави Еспар е јасна порака до Алеханре Балде, овој фудбалер да почне да се пакува. Балде и летово беше поврзуван со змаинување, но реши да остане и да се бори за место во тимот, но Флик ги користеше Еспар и Кансело со што Балде остана закован на клупата.

За дефанзивецот на Барселона постои сериозен интерес од Премиер-лигата, каде Ливерпул и Манчестер Јунајтед најавија дека се подготвени да платат 30 милиони фунти за да го доведат Балде во најсилната лига во светот.

Се вчитува...