Леброн: Сакав да се пензионирам, но…

Леброн Џејмс донесе одлука кариерата да ја продолжи Филаделфија 76  во следните две сезони. По тој повод, „Кралот Џејмс“ им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи, изјавувајќи дека навистина сакал да ја заврши кариерата по крајот на претходната сезона.

Сепак, Џејмс се предомислил.

„Мислев дека мојата кариера е завршена кога заврши минатата сезона. Не бев подготвен да го објавам тоа и знаев дека ми треба време за да донесам одлука, но бев прилично сигурен дека го одиграв последниот натпревар. Бев искрен на последната прес-конференција кога реков дека морам да размислам и да одлучам дали сè уште ја сакам оваа игра. Сè уште навистина ја сакам и имам уште што да дадам. Последните неколку недели беа навистина посебни. Никогаш претходно немав можност да не знам што да правам и навистина да одвојам време само за размислување; поминав прекрасни неколку месеци со сите луѓе што ги сакам, обидувајќи се да го најдам вистинскиот одговор. Ова е мојата конечна одлука. Не го правам ова поради парите. Исто така, не работам ниту за моето семејство“, напиша Леброн. 

Се вчитува...