Леганес ремизираше со шампионот Реал Мадрид, ама испадна од Ла Лига

Леганес успеа да одигра 2-2 против новиот шампион Реал Мадрид на домашен терен, но и тоа не беше доволно за да го задржи статусот во Ла Лига. Овој тим следната сезона ќе игра во Секунда Дивизион заедно со Мајорка и со Еспањол. Спас во последен час има за Селта која ремизираше без голови на гости кај Еспањол.

Серхио Рамос го доведе Реал во водство, израмни Брајан Гил пред крајот на првиот дел. Асенсио повторно донесе предност за „кралевите“, а Леганес остана непоразен со голот на Роџер Асале во 79.минута.

Атлетико Мадрид одигра 1-1 против Реал Сосиедад на домашен терен. Коке во 30.минута обезбеди водство за тимот на Диего Симеоне, а Аднан Јанузај во 87.минута успеа да израмни.

Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Севилја обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Последен патник во Лигата на Европа е тимот на Гранада.

Најдобар стрелец во Ла Лига е Лионел Меси со 25 постигнати гола, пред Карим Бензема кој запиша 21 погодок во дресот на Реал Мадрид.

Се вчитува...