Легендарниот Чави на крајот од сезоната ја завршува кариерата

Шпанскиот интернационалец Чави Хернандез, поранешен легендарен фудбалер на Барселона и шпански репрезентативец, кој сега настапува во Катар, на крајот од оваа сезона ќе стави крај на богатата кариера. Тој самиот ја потврди оваа вест во интервју за една од шпанските телевизии, истакнувајќи дека неговото тело веќе не може да ги издржи напорите што ги бара фудбалската игра.

„Имав среќа што ме одминуваа тешки повреди низ текот на кариерата, но чувствувам дека дојде време за да кажам – крај. По завршувањето на оваа сезона и дефинитивно ќе ја завршам кариерата. Минав долги години во Барселона, вечно ќе се сеќавам на сите убави моменти, а и овие три сезони во Катар се исто така за мене големо искуство. Ќе останам во фудбалот, сакам да почнам со тренерска кариера“, изјави Чави, кој би можел да биде селектор на фудбалската репрезентација на Катар, на Светското првенство во 2022 година, кое ќе се одржи токму во таа земја.

Се вчитува...