Поранешниот голман на Барселона и на чилеанската репрезентација Клаудио Браво, објави пензија на 41-годишна возраст.
Тој на објавата се заблагодари на сите кои биле дел од неговата кариера.
– Го напуштам професионалниот фудбал, ова е мудра одлука, добро осмислена, дискутирана на семејно ниво. Време е да завршам важен циклус во мојот живот. Да започнам уште една семејна фаза која ќе биде успешна како оваа фаза која ми даде толку големо задоволство, напиша Браво на социјалните мрежи.
Голманот бранеше за Коло-Коло, Реал Сосиедад, Барселона, Манчестер сити, Бетис и чилеанската репрезентација. Браво има 22 титули во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА