Легендарниот Џердан Шаќири остана без клуб

Американскиот клуб Чикаго Фајр и играчот Џердан Шаќири постигнаа договор за раскинување на договорот на фудбалерот.

32-годишниот Швајцарец постигна 16 гола и запиша 20 асистенции на 75 натпревари за тимот на Чикаго, каде што игра од февруари 2022 година, кога пристигна од францускиот Олимпик Лион. Чикаго Фајр ја објави веста на својата официјална веб-страница преку фотографија од фудбалерот со натпис „Фала Шах“.

Спортскиот директор на клубот Георги Хајц му се заблагодари на Шаќири за придонесот и му посака успех. Тој изјави дека разделбата е „во интерес на сите страни“.

„Верувам дека ова е вистинскиот момент за мене да имам нов предизвик во мојата кариера“, рече Џердан Шаќири, кој му посака успех во понатамошната кариера. Тој неодамна се повлече од репрезентацијата на Швајцарија.

Се вчитува...