Легендарниот голман против „Специјалниот“: Не сакам да го видам Мурињо во Реал Мадрид

Бара тренер Реал Мадрид кој ќе го замени Алваро Арбелоа, а последните информации се дека најблиску до клупата на „кралевите“ е Жозе Мурињо, кој би направил „кам-бек“ на Бернабе.

Сепак, не се сите воодушевени од враќањето на „Специјалниот“ во Мадрид. Еден од нив е легендарниот голман Икер Касиљас, кој не сака Мурињо да го води клубот.

„Немам проблем со Мурињо, мислам дека е одличен професионалец, но едноставно – не сакам да го видам во Реал Мадрид. Верувам дека други тренери би биле поосодветни да го водат клубот на мојот живот. Ова е мое лично мислење“, рече Касиљас.

Се вчитува...