Легендарниот НБА-тренер ја заврши кариерата

Легендарниот НБА-тренер Глен Док Риверс објави дека ја завршува кариерата, одлука што тој самиот ја обелодени шокирајќи ја американската кошаркарска јавност.

Последниот ангажман на Риверс беше во Милвоки бакс, од каде си замина во април годинава, но името на Риверс и летово беше поврзувано со клубовите кои беа во потрага по нов тренер.

„Можам со сигурност да кажам дека ова е крајот. Беше долг пат, но сега се е заокружено, кога на почетокот од годинава бев примен во Куќата на славните. Тоа беше најдобрата можна награда за се што направив, благодарен сум на сите што толку долго можев да ја вршам оваа прекрасна работа“, објави 64-годишниот Риверс, кој забележа 1.194 победи и 866 победи во тренерската кариера.

Негов најголем успех беше освоената титула со Бостон селтикс во 2008 година, кога „зелените“ беа предводени од фантастичното трио Пол Пирс – Реј Ален – Кевин Гарнет.

Се вчитува...