Легендарниот Руди Фелер ќе го замени Бироф

Поранешниот селектор на Германија и спортски директор на Баер Леверкузен, легендарниот Руди Фелер, е назначен за нов спортски директор на германската репрезентација. Фелер доаѓа на местото на Оливер Бироф, кој по Мундијалот во Катар си замина од функцијата.

Фелер ќе почне да ја извршува функцијата од 1. февруари 2023 година. Со него и со селекторот Ханси Флик, ќе има задача Германија да го освои ЕП 2024 година кое се одржува токму на нивен терен.

Фелер беше селектор на Германија од 2000 до 2004, кога Германија стигна до мундијалско финале во 2002 година. За германската репрезентација Фелер одигра 90 меча и постигна 47 гола.

Се вчитува...