Легендите живеат вечно: ЖФК Истатов одигра меч во спомен на Благој Истатов (ФОТО)

Македонската фудбалска легенда Благој Истатов прерано ги напушти, но фудбалерките и раководството на ЖФК Истатов нема никогаш да го заборават, впрочем како и сите искрени љубители на спортот во Македонија. Во спомен на прерано починатиот фудбалски ас, тренер и голем, благороден човек, денеска тимот на ЖФК Истатов одигра меѓународен пријателски натпревар со бугарската екипа Спортика.

ЖФК Истатов беше подобар на теренот и успеа да слави со убедливи 4-0, а фудбалерките истрчаа со маици со ликот на Благој Истатов.

 

Се вчитува...