Џонатан Куминга ја реши својата иднина и од следната сезона ќе го носи дресот на Минесота Тимбервулвс.
23-годишниот крилен кошаркар постигна договор со Минесота за две години вреден 12,4 милиони долари, со опција за играчот да го раскине договорот по првата сезона.
Куминга во Минесота пристигнува како слободен агент, откако Атланта Хокс одлучи да не ја активира опцијата вредна 24,3 милиони долари за сезоната 2026/27. Хокс претходно го добија во трејд од Голден Стејт, но соработката траеше само неколку месеци.
Интересно е што за неговиот потпис сериозно се бореа и Лос Анџелес Лејкерс, но Куминга на крајот се одлучи за Минесота. Во конкуренција биле и Чикаго Булс и Портланд Трејл Блејзерс.
Во Минесота од Куминга очекуваат значајна улога, а тој треба да биде дел од стартната петорка покрај Ентони Едвардс, Џејден Мекданиелс и Руди Гобер.
Куминга во досегашната НБА кариера има просек од 12,5 поени и 4,2 скока на 294 натпревари. Најдобрата сезона му беше 2023/24, кога просечно постигнуваше 16,1 поен по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
