Лејкерси немоќни против Сан Антонио, Детроит ’падна’ кај вицешампионот

Два натпревари по ред да се загубат на домашен е терен е речиси невозможно, тоа е барам ставот на кошаркарите на Сан Антонио кои синоќа на свој терен ги уништија „езерџиите“ од Лос Анџелес. Со 134-94, тимот од Тексас им го нанесе највисокиот пораз во меѓусебните дуели.

Кави Ленард со 31 поен беше најефикасен, По Гасол придодаде 22 поени. Ренд на спротивната страна уфрли 22 поени.Вицешампионот Голден стејт без проблеми си запиша уште една победа со 127-107 над Детроит. Кевин Дурент со 25 поени, шест скокови и девет асистенции беше најефикасен, Кари постигна поен помалку, Клеј Томпсон го заврши натпреварот со 23 поени. Кај Детроит Морис запиша 21 поен, Херис – 18 поени.

Далас во Мексико сити го совлада Феникс со 113-108 во дербито на дното на Западната конференција.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/6fa14453598bf5ef6378d44f747999f8.mp4″]

Резултати:Денвер – Индијана 140-112Бруклин – Њу Орлеанс 95-104Њујорк – Чикаго 104-89

Се вчитува...