Лекарите против игрите во Токио, можноста за ширење на инфекцијата е огромна

На помалку од четири месеци до почетокот на Олимписките игри, факелот помина низ Јапонија, но во „Земјата на изгрејсонцето“ сè уште има големи дилеми дали воопшто треба да се одржи најголемиот светски спортски фестивал.

Според јапонските лекари, Олимписките игри може да бидат огромен ризик за земјата среде пандемија на коронавирусот.

„Најдобрата одлука е да не се одржуваат игрите. Се коцкаме премногу. Можноста за ширење на инфекцијата е огромна. Јапонија е опасно место, воопшто не е безбедна“, рече Норио Сугаја, инфектолог во болница во Јокохама.

Игрите може да се организираат само доколку се вакцинираат 50 до 70 проценти од Јапонците. Ова во моментот изгледа како невозможна мисија затоа што помалку од еден процент од јапонските граѓани ја примиле вакцината. Не е реално да се достигнат големи проценки до 23 јули, кога треба да започнат игрите.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Јапонија е околу девет илјади, што е мал во споредба со најзагрозените земји, но тие се меѓу лидерите во оваа категорија во Азија. Според анализата на лекарите, бројот на заразени лица ќе порасне во следниот период, а врвот треба да биде во јули, во времето кога се одржуваат Игрите.

„Јапонија не може да ги заштити своите граѓани во овој момент. Како ќе успее со оние кои доаѓаат од странство? Инсистирањето на одржување на Олимписките игри во вакво време е целосно лудо“, рече Таро Јамамото, познат адвокат.

Се вчитува...