Леонардо: Иднината на Нејмар и Мбапе ќе биде наскоро позната, ПСЖ „крчка“ мега-понуда за крај на оваа сага

Судбината на двете најголеми ѕвезди на ПСЖ, Килијан Мбапе и Нејмар, сè уште не е позната. Директорот на клубот од Париз, Леонардо, зборуваше за судбината на овие двајца фудбалери.

Тој напомена дека клубот ќе направи се’ за да ги задржи Мбапе и Нејмар во своите редови, па очекува среќен крај на оваа сага.

“Мислам дека сме блиску до договор, кој ќе ги израдува сите. Наскоро ќе објавиме повеќе информации кога станува збор за ситуацијата околу Мбапе и Нејмар”, рече Леонардо,

Директорот на клубот од Париз одговори и на новинарско прашање за можниот трансфер на Џанлуиџи Донарума во ПСЖ.

“Донарума? Нема да зборувам за било каков трансфер, Навас е одличен“, заклучи Леонардо.

Се вчитува...