Леонардо потврди: ПСЖ го сака Меси!

Спортскиот директор на ПСЖ, Бразилецот Леонардо денеска ги потврди гласините дека францускиот првак е сериозно заинтересиран за да го доведе Лионел Меси. Најдобриот фудбалер на денешницата станува слободен играч на крајот од сезонава, а ПСЖ според светските медиуми е главен фаворит во трката за потпис на големиот ас.

Леонардо денеска потврди дека „светците“ будно ја следат ситуацијата со аргенетинскиот фудбалски генијалец, не откривајќи повеќе детали околу преговорите.

„Големи играчи како Меси секогаш ќе бидат на листата со желби на ПСЖ. Секако, сега не е момент да се разговара. Сепак, седиме на маса од избрани клубови и будно ја следиме ситуацијата. Четири месеци можат да бидат вечност во светот на фудбалот, затоа нема да кажам ништо повеќе на оваа тема“, истакна Леонардо.

ПСЖ веќе има подготвено мегапонуда за Аргентинецот, кој речиси сигурно летово ќе си замине од Барселона. Се очекува „светците“ на крајот од сезонава да го продадат Мбапе за околу 150 милиони евра, а се очекува дел од парите да бидат искористени и за убедување на Серхио Рамос да му се приклучи на Меси на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...