Леонида Гичевска се сели во романскиот шампионат

Една од најдобрите македонски ракометарки, Леонида Гичевска следната сезона ќе настапува во романскиот шампионат.

Македонката по минатата сезона која ја мина во француски Бесанкон, оваа година ќе биде дел од романската Стинта Букурешт.

Гичевска која своите први ракометни чекори ги имаше во Свети Николе, во Македонија настапуваше уште и за Вардар, Металург и Куманово, а интернационалната кариера ја збогати и со настап во францускиот Ле Пузен, како и хрватската Локомотива Загреб со која беше дел од Лигата на шампионите.

Се вчитува...