Летонците како „вонземјани“ за нашите млади кошаркари

Младинската репрезентација на Македонија имаше кошмарен старт на ЕП за играчи до 20 години – Б дивизија, откако „црвено-жолтите“ вечерва беа декласирани од селекцијата на Летонија со убедливи 79-39. Фактот дека Летонија е една од најдобрите селекции на овој шампионат никако не смее да биде изговор за очајното издание, пред се во нападот, што придонесе овој шампионат да биде стартуван со „минус 40“ кош-количник.

Уште од самиот почеток стана јасно како ќе се одвиваат работите на овој натпревар, на половина од првата четвртина резултатот гласеше 15-6, потоа Летонија во осмата минута стигна до првото двоцифрено водство (23-12), по што противникот од минута во минута се повеќе го зголемуваше водство, не дозволувајќи Македонија да стигне ниту до 40 постигнати поени за 40 минути игра.

Ефремовски со 12 и Михајлоски со 10 поени беа единствените со двоцифрен ефект во нашиот табор.

Македонија во својот втор меч на овој шампионат ќе се сретне со селекцијата на Белгија, меч што ќе биде на програмата в недела.

Се вчитува...