Левандовски: Баерн е главен фаворит за титулата во ЛШ

Полскиот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски истакна дека се големи шансите за неговиот тим да победи во актуелната сезона на Лигата на шампиони. „Баварците“ во осминафиналето ќе се сретнат со австрискиот Ред Бул Салцбург.

Левандовски потенцираше дека Баерн секогаш оди на победа и гледа кон освојвуање на нови титули, а шансите за освојвуање на ЛШ ќе бидат особено големи само доколку тимот го послужи добро здравје.

„Баерн секогаш сака да ги освои сите трофеи. Гледајќи како играме денес и каков е нашиот состав, ние сме еден од главните фаворити за Лигата на шампионите. Но, најважно е здравјето на играчите во најважните недели од сезоната. Исто така, треба правилно да го пресметате времето за да го достигнете врвот на физичката форма во вистинско време“, изјави Роберт.

Инаку, првиот натпревар ќе се игра во Австрија на 16 февруари, а реваншот е закажан на 8 март.

Се вчитува...