Левандовски извлече бод за Баерн од Хофенхајм (ВИДЕО)

Роберт Левандовски извлече бод за Баерн Минхен на гостувањето против Хофенхајм во 26. коло од Бундеслигата извлекувајќи конечни 1-1.

Откако домашните поведоа во 32. минута со голот на Баумгартнер, гостите успеаја да дојдат до реми со голот на Левандовски во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Со идентични 1-1 ремизираа и Унион Берлин и Штутгарт, а Фрајбург славеше со 3-2 против Волфсбург.

Се вчитува...