Левандовски манија: Полјакот го сруши рекордот за посетеност на претставување во дресот на Барселона

Роберт Левандовски денеска и официјално беше претставен пред публиката на „Камп Ноу“. Потточно пред 57 илјади верни навивачи со што е срушен клупскиот рекорд на посетеност кој го држеше Роналдињо. Бразилецот во 2003 година беше претставен пред 25 илјади навивачи.

Полјакот кој издејствува трансфер од Баерн Минхен вреден 50 милиони евра во Барселона ќе го носи дресот со број девет кој во минатото им припаѓаше на имиња како Златан Ибрахимовиќ, Патрик Клајверт, Роналдо, Самјуел Ето, Луис Суазрез…

Се вчитува...