Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја доби битката со Аргентинецот Лионел Меси и Египјанецот Мохамед Салах, па во изборот на ФИФА го доби признанието за најдобар фудбалер во 2021 година.
Левандовски во изјава за медиумите истакна дека е среќен за добиената награда, а дополнително најави дека ќе продолжи да се бори за рушење на нови рекорди.
„Горд сум и среќен. Сакам да им се заблагодарам на сите. Не се осмелив да сонувам дека ќе го подобрам рекордот во Бундеслигата за постигнати голови. Да ми кажеше некој пред години, немаше да верувам. Штета што Герд Милер не е меѓу нас. Не можев без него. Мислам дека имам доволно време да поставам повеќе рекорди“, изјави Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА