Левандовски нема дилема кои се најдобри фудбалери во светот

Рано е да се изберат најдобрите играчи во 2024 година, но Роберт Левандовски знае кои фудбалери моментално се пред останатите.

На прашањето на новинарите кои според него се најдобрите играчи оваа година, голгетерот на Барселона одговори.

„Тешко е да се каже бидејќи претстои ЕВРО во Германија и решавачките натпревари во Лигата на шампионите. Но, во моментов, Килијан Мбапе и Џуд Белингем за мене се најдобрите играчи во светот“, изјави Роберт Левандовски за шпанските медиуми.

Килијан Мбапе оваа сезона одигра 44 натпревари за Пари Сен Жермен и постигна 43 гола со 10 асистенции. Џуд Белингем на 36 натпревари за Реал Мадрид постигна 21 гол и 10 асистенции.

Се вчитува...