Левандовски почна да блеска во МЛС, два гола за победа на Чикаго

На Роберт Левандовски не му требаше многу време за да почне да ја покажува својата класа и во МЛС-лигата по трансферот од Барселона, откако полскиот ас му ја дпнесе победата на својот Чикаго на дуелот со Шарлот од 2-1.

Шарлот прв поведе, но да не дојде до сензација се погрижи токму Левандовски, кој набрзо по водечкиот гол стрелаше прецизно од работ на шеснаесетникот за 1-1, за Полјакот потоа во вториот дел да го комплетира пресвртот.

Се вчитува...