Левандовски поради агресијата врз Украина остана без пет милиони евра

Полската гол-машина Роберт Левандовски остана без пет милиони евра годишно спонзорство поради руската агресија врз Украина откако еднострано го раскинал договорот со кинескиот џин Хуавеј.

Причина за раскинувањето на договорот со кинескиот гигант е поради тоа што Хуавеј искажувал проруски ставови и технолошки ја поддржувал Русија. Левандовски уште од почетокот на руската агресија врз Украина ја поддржа одлуката на својата земја по никоја цена да не игра против „зборнаја“ во мундијалското полуфинале, уште пред ФИФА и УЕФА да ја суспендираат Русија од сите фудбалски настани.

Од Хуавеј, пак, објавуваат дека Левандовски не го раскинал договорот со нив и дека информациите се неточни, но низа полски и светски медиуми упорно тврдат дека завршена е соработката на ѕвездата на Баерн Минхен со Кинезите.

Се вчитува...