Левандовски се разбуди: Екстра-гол и генијална асистенција за пет минути (видео)

Роберт Левандовски им приреди шоу за уживање на навивачите на Барселона, откако полскиот ас со два генијални потези придонесе каталонскиот гигант за пет минути игра да поведе со 2-0 на дуелот со Пумас. Мексиканскиот тим е ривал на Барселона во овогодинешното издание на „Гампер купот“, но „пумите“ се соочуваат со огромни проблеми во дуелите со Левандовски.

Полскиот ас најпрвин маестрално се снајде по една одлична акција на „каталонците“, од мртов агол сместувајќи ја топката во мрежата.

Левандовски потоа ја покажа и својата „дарежлива страна“, откако извонредно го проигра Педри, кој втрчуваше зад одбранбената линија, за водство од 2-0.

Се вчитува...