Левандовски за ждрепката во ЛШ: Само не Баерн, ве молам!

Новиот голгетер на Барселона, Роберт Левандовски истакна дека не сака да игра против Баерн Минхен во групната фаза од Лигата на шампионите.

Германските новинари го прашаа дали сака да се соочи со својот поранешен клуб во групите, со што тој одговори:

„Не! Не треба да се случи тоа во групната фаза. Уште е рано, за мене тоа би било чудно. Само не Баерн, ве молам“, изјави Левандовски.

Полскиот играч не очекува проблеми при евентуално гостување во Минхен со Барселона. Иако навивачите му замерија, сепак, тој пред неколку дена се извини.

„Се надевам на добар прием од навивачите на Баерн. Имам само позитивни спомени од тој клуб. Тој клуб засекогаш ќе остане во моето срце“, изјави Левандовски.

Се вчитува...