Пред две кола опстанокот за Леванте во шпанската Ла Лига беше речиси невозможна мисија. Тимот имаше 33 бодови и беше на претпоследното место на табелата, меѓутоа тимот од Валенсија успеа со две победи да го претвори сонот во јаве.
Ако победата против Осасуна беше можеби и на некој начин очекувана, оваа вечервашната против Селта е сосема изненадувачка, ако се има во предвид дека тимот од Вига беше во битка за пласман на петтата позиција која водеше во Лигата на шампионите.
Леванте мораше да стигнува два пати негатива, и на крајот со пресврт да дојде до триумфот.
Жутгла во 4. минута донесе предност за Селта, и се чинеше дека работите си доаѓаат на свое место. Сепак, Ариага успеа да израмни во 43. минута.
Жутгла во 48. минута донесе нова предност за тимот од Виго, но Дела најде начин повторно да донесе „егал“, а потоа Бруге во 63. минута да донесе и предност, која беше задржана до крај за големи три бода на гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
