Леверкузен преку Билефелд се врати на победничките патеки (ВИДЕО)

По поразот од Мајнц, Леверкузен преку Арминија Билефелд успеа да се врати на победничките патеки во германската Бундес лига, откако на домашен терен славеше победа од 3-0 во рамки на 24. коло.

Натпреварот го отвори Лукас Аларио во 30. минута, донесувајќи прво водство за својот тим. Во следните минути иницијативата беше на страната на домаќините, но на пауза се замина со минимално водство.

Во вториот дел фудбалерите на Леверкузен излегоа на терен со едниствена „мисија“, постигнување на втор гол за мирна игра до крајот на мечот и победа вредна три бода. Ваквата идеја беше реализирана од Муса Дијаби, кој прво погоди во 57. минута, а потоа и во 81-та.

Со рутинска игра на домаќините, Леверкузен искусно ја задржаа предноста од два гола и запиша нови три бода.

 

Се вчитува...