Екипата на Шкендија Арачиново, охрабрена од последната победа против Тиквеш во Кавадарци, денеска се соочува со Арсими. „Црвено-црните“ бараат продолжување на позитивната серија и остварување на првата победа пред сопствената публика на стадионот во Чаир. Искусниот дефанзивец Есмин Личина го почитува противникот, но верува дека сите три бода ќе останат кај екипата од Арачиново.
„Противник ни е Арсими, екипа која максимално ја почитуваме. Сепак, ние сме во добра форма и играме пред нашата публика, каде што треба да победиме за да ги потврдиме добрите игри и трите бода освоени во Кавадарци“, изјави Личина.
28-годишниот дефанзивец верува дека домашниот терен е силно оружје за Шкендија Арачиново.
„Верувам дека Шкендија Арачиново ќе оди на победа против секоја екипа со која ќе се соочи на домашен терен“, додаде на крајот Есмин Личина.
На досегашните меѓусебни дуели меѓу овие две екипи, Шкендија Арачиново забележа една победа во Гостивар, додека последниот дуел заврши со реми од 1-1.
Натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Арсими ќе се одигра на стадионот во Чаир, со почеток во 16:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
