Лидс го враќа Митровиќ во Премиер-лигата

Александар Митровиќ е на чекор од заминување од Ал Хилал, а прашањето околу неговата следна дестинација веќе неколку недели е тема на шпекулации во фудбалската јавност. Српскиот капитен, кој минатото лето го напушти Фулам за да ја прифати атрактивната понуда од Саудиска Арабија, имаше одлична прва сезона во Ријад – бележеше важни голови и асистенции, придонесувајќи Ал Хилал да остане доминантен на домашната сцена.

Сепак, доаѓањето на новиот тренер Симоне Инзаги го промени планот за иднината на напаѓачот. Италијанскиот стратег наводно има поинаква визија за офанзивната линија, што го стави Митровиќ во втор план и го доближи до заминување.

Според информации од Англија, меѓу потенцијалните клубови што ја следат ситуацијата е и Лидс Јунајтед, кој ова лето се врати во Премиер лигата. „Павовите“ активно бараат искусен напаѓач што ќе им гарантира голови во елитното англиско друштво, а 29-годишниот Митровиќ е профил кој совршено одговара на нивните потреби.

Покрај Лидс, интерес постои и од други европски клубови, а се очекува разврската да следи во наредните недели, со оглед на тоа што трансфер прозорецот се приближува кон својата завршница. Доколку се реализира враќање во Премиер лигата, тоа би било ново поглавје во кариерата на еден од најконстантните напаѓачи на островскиот фудбал во последната деценија.

Се вчитува...