Лидс ја знае замената за Биелса

Англискиот премиерлигаш Лидс игра одлично под водство на Марсело Биелса, но тимот од Јоркшир наскоро би можел да биде во потрага по нов тренер. Договорот со Аргентинецот истекува во јуни, а и покрај тоа што е еден од најплатените тренери во Премиер лигата, Биелса би можел да го напушти Лидс и кариерата да ја продолжи во некој од великаните на европскиот фудбал.

„Ел Локо“ пред осум години имаше шанса да седне на клупата на Барселона, свое времено беше споменуван и за тренерското место во Интер и ПСЖ, па нема да биде чудно доколку 65-годишниот Аргентинец ги следи своите амбиции и во следната сезона премине во друг клуб.

Во Јоркшир како негова замена се спомнува тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги. Шпанецот кој минатата година ја освои Лига Европа во неколку наврати изјавува дека би сакал да биди англиски премиерлигаш, а Лидс е шансата за тоа.

Се вчитува...