Лил без проблеми го реши и Лориен (ВИДЕО)

Екипата на Лил продолжува со одличните партии сезонава во француската Лига 1, откако денеска во натпревар од 26. коло го реши на гостински терен Лориен со 1-4. Гостите поведоа со автоголот на Гравилон во 21. минута. Сепак, само две минути подоцна Лориен израмни со голот на Ергел. До крајот на првите 45. минути Лил повторно дојде до водство со голот на Фонте во 38. минута. Во вториот дел на 1-3 зголеми Иконе во 59. минута, додека конечните 1-4 ги постави Брадариќ во 91. минута.

Лил останува на врвот на табелата во домашниот шампионат со 58 бода односно три повеќе од Лион и четири од Пари Сен Жермен кој вечерва во дербито на колото го пречекува Монако. Лориен останува 18. со 23 бода.

 

 

Се вчитува...