Лил го продолжува сонот за титула во Франција (ВИДЕО)

На отварањето на 36. коло лидерот на табелата во Лига 1, Лил стигна и до 23. победа во сезоната откако славеше на гостувањето против Ленс со 0-3, со што на две кола пред крајот на сезоната се искачи на +4 во однос на ПСЖ кој има и натпревар помалку.

Лил стигна до предност уште во 4. минута од натпреварот кога од белата точка реализираше Јилмаз, а турскиот интернационалец трелаше и во 40. минута со што на полувремето гостите заминаа со комотна предност. На Лил му помогна и црвениот картон на Мишел во 35. минута од натпреварот, па во второто полувреме гостите со играч повеќе дополнително ја зголемија победата преку Давид во 60. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...