Лил го шокираше ПСЖ на „Паркот на принцовите“

ПСЖ доживеа уште еден „ладен туш“ во француското првенство откако „светците“ загубија со 0-1 на дербито на домашен терен од Лил, со тоа губејќи го и првото место на табелата. За мизеријата на актуелниот првак да биде уште поголема, Нејмар во 90. минута доби и втор жолт картон, двата поради конфликт со противнички фудбалери, за што Бразилецот повторно ќе паузира од терените во француското првенство, овојпат поради суспензија.

Избраниците на Покетино беа подобри во првите петнаесетина минути, во кои Нејмар и Мбапе пропуштија убави шанси за гол. Казната стигна во 20. минута, кога Дејвид по еден одличен контранапад од десната страна мајсторски се снајде и го совлада Кејлор Навас. Лил во продолжението потврди зошто ја има најдобрата одбрана во лигата, гостите маестрално ги затворија приодите кон сопствениот гол, лимитирајќи го ПСЖ на само една шанса, кога Нејмар од пет метри со глава биеше крај дирекот.

Лил по денешниот триумф повторно е осамен на врвот на табелата со 66 бода, три повеќе од ПСЖ, Монако има 62 бода, а Лион има 60 бода и меч помалку.

Се вчитува...