Лил „на турски погон“ го освои Мец

Лил направи уште еден огромен чекор напред кон титулата во француското првенство откако вечерва триумфираше на гостувањето против Мец со 0-2. Турските репрезентативци Јилмаз и Челик беа стрелци на головите со кои Лил стигна до победата, по што оваа екипа сега има шест бода предност (и меч повеќе) во однос на второпласираниот ПСЖ.

Најзаслужен за триумфот сепак е голманот Мењан, кој во првото полувреме го одбрани пеналот на Леја откако Фонте играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Лил ја искористи својата прва шанса, кога Јилмаз се најде зад противничката одбрана по одличното додавање на Ренато Санчез и прецизно биеше во мрежата на Мец. Конечните 0-2 во самиот финиш ги постави Челик со прецизен удар од петнаесетина метри.

Се вчитува...