Лил се „лизна“, но ќе има уште една шанса за титула

Лил не успеа да ја искористи првата „меч топка“ во трката за титулата, откако лидерот на табелата во француското првенство одигра само 0-0 на домашен терен против Сент Етјен. Домаќините имаа повеќе од играта, а најубавата шанса ја пропуштија во 90. минута, кога слободниот удар на Јазичи заврши само во дирекот од гостинскиот гол. По ваквиот исход, Лил ќе влезе со еден бод предност пред ПСЖ во последното коло од сезоната, во кое Лил ќе му гостува на Анже, а „светците“ од Париз исто така ќе играат на гостински терен, но во Брест.

ПСЖ вечерва лесно ја оправда фаворитската улога против Ремс триумфирајќи со 3-0. Мечот беше решен во 10. минута, кога Абделхамид доби црвен картон за играње со рака во шеснаесетникот, а Нејмар донесе водство на „светците“. Мбапе ја казни големата грешка на гостинските дефанзивци зголемувајќи на 2-0. На 3-0 во второто полувреме зголеми Маркињос, а конечните 4-0 ги постави „резервистот“ Кеан.

Монако славеше со 2-1 над Рен, триумф со кој тимот на Нико Ковач останува на третото место на табелата, со три бода заостанување зад Лил и „плус еден“ во однос на четвртопласираниот Лион.

Се вчитува...