Лина Ѓорческа ќе игра на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува нов настап на еден од четирите Грандслем турнири. Таа од 20.мај ќе биде дел од квалификациите на престижниот Ролан Гарос. Ова за најуспешната македонска тенисерка ќе биде второ учество на Грандслем турнирот во Париз, по првиот нејзин настап во 2017 година.

Ѓорческа се наоѓа во одлична форма што го покажа и со добрите игри изминативе недели и настапите на Челинџер турнирот во Леида (Шпанија) и на ИТФ турнирите во Копер (Словеија) и Трнава (Словачка). Победите и добрите игри воедно се дел од еден успешен циклус, во која македонската тенисерка имаше и одлични настапи како дел од репрезентацијата на натпреварувањето во Били Џин Кинг Купот во Литванија.

За Ѓорческа ова ќе биде осмо учество во квалификациите на еден Грандслем турнир, а оваа година второ по настапот на Австралија Опен во Мелбурн. Најмногу настапи има на УС Опен во Њујорк.

Комплетна ЛИСТА на тенисерки кои ќе играат во квалификациите на Ролан Гарос.

Се вчитува...