Линдзи Вон вклучена во американската репрезентација за СП во Оре

Американската скијачка ѕвезда Линдзи Вон е вклучена во репрезентацијата на САД за Светското првенство во алпски дисциплини што ќе се одржи во Оре, Шведска. 34-годишната Вон се очекува да биде подготвена за настап иако од почетокот на сезоната има проблеми со повреда на иоленото. Вон и Микаела Шифрин се предводнички на националниот тим на САД кој брои 13 натпреварувачи.

Линдзо Вон ја почна сезоната со два настапи во Италија, но потоа се повреди. Неколку дена подоцна таа објави дека има проблеми со нерв во коленото. Вон ги пропушти и натпреварувањата во Германија минатиот викенд, но сепак се очекува да биде подготвена за Светското првенство во Оре.

Се вчитува...