Линекер: Да изнудиш пенал не е измама, туку чиста умешност

Легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер на својот твитер профил ја објасни разликата меѓу симулирањето и умешноста да изнудиш пенал.

Во Англија се води активна расправа околу енормниот број на досудени пенали откако се воведе ВАР, а дел од јавноста фудбалерите како Хери Кејн и Мохамед Салах ги прогласи за измамници и едни од главните проблеми во модерниот фудбал.

„Да се обидеш да изнудиш пенал така што би се наместил одбранбениот фудбалер да те фаулира не е измама. Тоа отсекогаш било така. И Салах и Кејн, но и многу други фудбалери ја имаат таа умешност. Симулирањето при кое нема контакт, тоа да е измама, но ова е чиста умешност“, изјави Линекер. 

 

Се вчитува...