Лион, конечно, победи во Фрнација

Лион нема намера без борба да се откаже од титулата во француското првенство, избраниците на Руди Гарсија вечерва славеа со 3-0 над Анже. Клубот од „Жерлан“ се наоѓаше во мини-криза, не знаеше за победа во последните три кола, но вечерва најде начин да се врати на победнички патеки пред се благодарение на Мемфис Депај.

Холандскиот напаѓач беше најдобар поединец на натпревар, постигнувајќи ги првиот и третиот гол за Лион, додека вториот беше дело на Пакета.

Лион на шест кола до крајот останува на четвртото место на табелата со 64 бода, пет помалку од лидерот Лил.

Се вчитува...