Лион во финишот до три бода против Рен (ВИДЕО)

Олимпик Лион стигна до победа од 1-0 против Рен во натпревар од 28. коло во француската Лига 1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 74. минута коа Ауар на асистенција на Мемфис Депај успеа да донесе три бода за својот тим.

Со оваа победа, барем за момент Лион го презеде врвот во Франција со 59 бода, исто колку што има и второпласираниот Лил кој од 21 часот го игра својот меч од ова коло против Олимпик Марсеј. Рен останува 10. со 38 бода.

 

 

Се вчитува...