Лионел Меси го објасни изборот на бројот 30

Лионел Меси стана нов фудбалер на францускиот ПСЖ. Аргентинскиот репрезентативец ја напушти Барселона по две децении, откако клубот не можеше да му понуди нов договор, па тој за следна дестинација го избра ПСЖ.

Во редовите на парискиот клуб, Лео го избра дресот со број 30. Тој ја одби понудата на Нејмар за бројот 10 и имаше свои причини за тоа.

„Бројот 30 е првиот со кој сум играл во Барселона. По толку време и оваа голема промена, се чувствувам како да почнувам одново. Затоа мислев дека вистинскиот избор е бројот 30 како знак на нов почеток“, рече Лионел Меси.

И во Париз, бројот 30 е нешто што секој го сака. Аргентинецот ги урна сите рекорди со продажба на дресови, а фан-шоповите се полни со навивачи кои го сакаат дресот на Меси. Наводно, повеќе од милион дресови се веќе продадени, и во фан шопот и во продажбата преку Интернет, па овие бројки се навистина неверојатни.

Пристигнувањето на Лео во Париз предизвика вистински ентузијазам кај навивачите и сите очекуваат од Меси да им го донесе трофејот во Лигата на шампионите што со нетрпение го очекуваат.

Се вчитува...