Литванија со победа над Доминиканска Република го заврши настапот на Мундобаскетот

Литванија успеа да го надмине поразот од Франција и рутински да слави против Доминиканска Република 55-74 во последниот нивни натпревар на шампионатот.

Искусните Литванци во нивни стил, со силна одбрана и чисти шутеви во нападот уште од самиот ја покажаа разликата во квалитет. Првиот период го добија со пет поени разлика, а вториот со девет, што беше доволно за убедлива предност на полувреме од (24-38).

Третата четвртина беше единствениот дел од натпревар во кој Доминикаците беа подобар противник, но минимално освоената четвртина не беше доволна за враќање во натпреварот (39-52). Во последниот период Литванците повторно заиграа на високо ниво за конечна победа од 55-74.

Валанчиунас и Лекавичиус со по 19 поени беа најефикасни кај Литванците, додека кај Доминиканска Република се истакна Мендоза со 14 поени.

Се вчитува...