Ливерпул му нуди 80 милиони евра на Реал за Валверде

Ливерпул испратил понуда до Реал од 80 милиони евра за уругвајскиот репрезентативец Федерико Валверде, пренесува „Ел Национал“.

Шпанските медиуми наведуваат дека овој трансфер, ако Реал се согласи на понуда, со бонуси би требало да изнесува околу 100 милиони евра. Реал ја одби првата понуда од Ливерпул за уругвајскиот фудбалер од 60 милиони евра.

Се наведува дека најверојатно „кралскиот клуб“ ќе ја одбие и втората понуда, бидејќи инсистира на фиксна отштета од 100 милиони евра за Валверде.

24-годишниот Валверде од 2016 година е во Реал, сезонава одигра 56 натпревари постигна 12 гола. За репрезентацијата на Уругвај има пет погодоци на 49 одиграни натпревари.

Се вчитува...