Ливерпул не запира, растурен и Вест хем

Фудбалерите на Ливерпул продолжија со серијата одлични настапи со многу погодоци, откако денеска во премиерлигашкиот дуел го совладаа Вест хем со убедливи 4-1. Салах уште во третата минута го погоди дирекот, а потоа „црвените“ имаа и доста среќа откако по извонредниот лоб на Арнаутовиќ голманот Кариус со помош на гредата ја сочува својата мрежа незатресена.

Емре Џан го отвори резултатот по корнерот на Салах во 29. минута, а потоа во второто полувреме меѓу стрелците се запишаа и Салах, Фирмино и Мане. Со овој тримф Ливерпул се искачи на второто место на табелата, со еден бод предност во однос на Манчестер јунајтед, кој утре ќе го игра својот меч од ова коло, на домашен терен против Челси.

Њукасл прокоцка предност од 0-2 на гостувањето против Бурнемаут ремизирајќи 2-2, додека Брајтон пед своите гледачи го декласираше Свонси со 4-1.

Екипата на ВБА остана закована на дното на табелата откако во денешната битка за опстанок загуби со 1-2.

Се вчитува...