Ливерпул потврди: Ван Дајк на операција на коленото!

Бруталниот старт на Џордан Пикфорд врз Вирџил ван Дајк ќе значи и крај на сезоната за големиот ас на Ливерпул, потврди вечерва англискиот првак по деталните лекарски прегледи врз холандскиот репрезентативец. Веднаш беше јасно дека станува збор за проблем со лигаментите на коленото, a прегледите само потврдија дека станува збор за нивно кинење, што ќе значи пауза од најмалку седум месеци.

Ливерпул преку клупско соопштение потврди дека станува збор за проблем со коленото поради што Ван Дајк ќе мора што поскоро да биде опериран, што практично значи дека Јирген Клоп уште во октомври остана без својот најдобар дефанзивец до крајот на сезоната.

„Вирџил ван Дајк ќе мора да биде опериран по инцидентот во кој беше вклучен голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, за време на дербито на „Гудисон Парк“. Тој побара да биде заменет, а деталните тестови покажаа дека ќе биде неопходна операција за оштетените лигаментите на коленото“, се вели во соопштението на Ливерпул.

Се вчитува...