Ливерпул се пожали на теренот во Париз

Третпат во последните пет сезони, Ливерпул е во финалето во Лигата на шампионите. „Црвените“ ќе играат против Реал Мадрид, и ќе бараат одмазда за поразот во 2018 година.

Средбата ќе се игра на „Стад д Франс“ во Париз, а од англискиот клуб се пожалија на условите. Јирген Клоп и неговите избраници истакнаа загриженост поради ситуацијата со теренот на познатиот француски стадион.

Пред неколку дена беше поставен нов терен, односно заменети одредени делови кои не се вклопиле баш најдобро, што им пречи на „црвените“.

„Теренот е поставен вчера, што и не е најдобра вест. Може да ги видите линиите каде што се ставани делови, нешто на кое не сме навикнале. Некој мислел дека е тоа добра идеја“, рече Клоп.

Се вчитува...